„И племето и семето“ – нова песна и спот на Игор Џамбазов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот актер, музичар и шоумен, Игор Џамбазов, објави нова песна со наслов „И племето и семето“, за која е снимен и видео спот во минималистички стил.

Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“ комплетно стојат авторски зад текстот и музиката од песната, која е снимена во студиото „Тра Ла Ла“ на Мите Димовски, кој е и продуцент на истата.

Улогата на полицаецот во видеото ја игра Оливер Војиновиќ. Зад камерата е Роберт Божиновски, а монтажата на видеото ја потпиша Иван Костадинов,. Режијата е на Гоце Трајковски.