И Модерна започна клинички испитувањана бустер-доза против омикрон сојот на коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американската фармацевтска компанија Модерна објави дека започнала клинички испитувања на засилувачка доза на вакцина дизајнирана специјално за борба против варијантата на коронавирусот Омикрон.

Во истражувањето учествуваат вкупно 600 возрасни лица, од кои повеќето примиле две дози од вакцината Модерна пред шест месеци. Но, има и такви ревакцинирани пред три месеци. Така, новата вакцина ќе се тестира и како трета и четврта доза.

Компанијата, исто така, ги објави резултатите од ефикасноста против Омикрон на бустер вакцината што се користеше досега. Шест месеци по ревакцинацијата, нивоата на неутрализирачки антитела против Омикрон се намаличе шест пати од врвот забележан 29 дена по инјектирањето, но сепак биле присутни кај сите имунизирани пациенти. Тие податоци се добиени од тест на крвта на 20 луѓе кои примиле засилувачка доза.

На 25 јануари Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек почнаа клинички испитувања на новата верзија на нивната вакцина против Ковид-19, која е конкретно против варијантата Омикрон.