И „Mission Impossible 7“ жртва на коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Филмската продукциска куќа „Paramount Pictures“ го одложи снимањето на седмото продолжение од ационата франшиза „Mission Impossible“ во Италија поради актуелната ситуација со епидемијата на коронавирус која ја тресе оваа европска земја.

Снимањето на новиот филм од серијалот требаше да почне вчера во Венеција, но позитивните тестови за присуство на коронавирус во Италија ги принудија продуцентите да го замрзнат проектот.

Во соопштението, „Paramount Pictures“ се повикува на забраната за собири на јавни места во Венеција и изразува загриженост за глумците и другите вработени. Не се знае до кога ќе трае одложувањето на проектот.

Ѕвездата на филмот, Том Круз претходно не бил пристигнат во Венеција.

Компанијата вчера го одложи и прикажувањето на филмот „Sonic the Hedgehog” во Кина. Кината во земјата не работат поради опасноста од коронавирусот. Кинескиот кинопазар е вториот најголем на светот.