И Мијалков излегува од Шутка и оди во домашен притвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од СЈО денес до Основен суд Скопје 1 го доставија предлогот со кој на бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, му се определува куќен притвор.

Тоа значи дека и тој ќе излезе од притвор од затворот „Шутка“, веднаш штом до затворот стигне решението. Од затворот за ТВ21 велат дека засега не добиле такво решение, но штом го добијат, стапува на сила веднаш, што кажува дека Мијалков уште вечерва би требало да ја напушти Шутка и да замине во куќен притвор.

Во изминатите неколку денови, на предлог на СЈО, мерката притвор им беше заменета со куќен притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за случајот „Титаник“, на Орце Камчев и Цветан Панделески во случајот „Империја“.