Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лејди Гага ги живее најславните денови од врввот на својата кариера. Филмот „A Star Is Born“ ги привлекува гледачите во кино салите, а неа и на Бредли Купер им носи награди.
Иако донеодамна беше позната по ексцентричниот стил, настапи и јавни појавувања кои предизвикуваа секакви реакции, денес Гага на црвените теписи се појавува во елегантни изданија и нежно нашминкана.
Фустаните со боја на месо кои некогаш ги носеше денес не би ги облекла ни во најлош кошмар, а нејзината гардероба сега се состои од елегантни фустани поради кои почнаа да ја прогласуваат за една од најдобро и највкусно облечените славни личности.
Некогаш за фоторепортерите приредуваше вистинско шоу провокативно позирајќи, а денес мирно се смешка пред објективите.
Но, промената на облеката и однесувањето не е единствената која ја забележаа нејзините обожаватели. Како што кружат муабети по социјалните мрежи, и изгледот на нејзиното лице со текот на времето се измени, па многумина од нејзините најверни фанови се прашуваат што Гага направила од себе.
Се шпекулира дека со хируршка интервенција ги средила своите јагодици на лицето, поради што сега нејзиното лице изгледа понежно.
„Готово е со нејзината оригиналност. Таа е засекогаш загубена“, коментираат обожавателите.
Како што тврдат, таа паднала под влијание на Холивуд и тие стравуваат дека може да потоне во масата еднолични холивудски ѕвезди.