И Јувентус се „едното“ со Адидас – еве што велат од „Најк“ за трансферот на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Aмериканскиот и светски најпознат производител на спортска опрема, „Најк“ се огласи после официјалната потврда за трансферот на Кристиано Роналдо во редовите на Јувентус.

Еден од најголемите светски брендови пружи поддршка на својот промотер Роналдо преку официјалниот твитер профил.

„Секој нов предизвик започнува со верба, затоа верувај“, гласеше пораката од „Најк“.

Португалецот кој е едно од официјалните заштитни лица на „Најк“, како и претходно во Реал Мадрид, ќе настапува за клубот кој носи опрема од големиот конкурент на „Најк“, „Адидас“.