И Грците ќе ги менуваат учебниците поради Преспанскиот договор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Согласно потпишаниот Преспански договор за надминување на деценискиот спор околу името на нашата земја со Грција, нашиот јужен сосед во рамки на новата наставна програма ќе ги менува учебниците со цел во новите учебници да го додаде новото име на Македонија, Република Северна Македонија. Ова го пренесоа грчките медиуми.

„Грчките учебници ќе го вклучуваат новото име Северна Македонија за нашиот сосед“, напишал заменик министерот за надворешни работи Маркос Боларис во одговорот на прашањето од пратеникот на Неа демократиа, Јоргос Кумуцакос.

Според извештаите на кои се повикуваат медиумите, и во двете земји има напредок во промената на наставната програма во учебниците која е во тек, според Договорот од Преспа.

По втората средба на Мешовитиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања во заедничко соопштение беше објавено дека „двете страни зацртале интензивна програма за постигнување заеднички прифатливи решенија врз база на релевантните принципи и цели на УНЕСКО и на Советот на Европа“.

„Втората средба ја потврди посветеност на двете земји во промовирањето на духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка“, пишува во заедничкото соопштение, со најава дека наредниот состанок на Комисијата ќе биде во Атина на 12 и 13 април.