И годинава ’Поетска везилка’ во чест на Блаже Конески!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По големиот интерес минатата година, ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп по вторпат организира поетски конкурс „Поетска везилка“ за избор на најдобра поетска творба во чест на доајенот на македонската литература, Блаже Конески.

Блаже Конески оставајќи зад себе ризница од литературни дела напишани на македонски јазик заслужува достојна почит од нашите современици. Илјадниците страници научна литература, проза и поезија се дела во кои живее посебноста на македонскиот народ, милозвучноста на македонскиот јазик и трепетот на македонската душа.

Црвено – црниот конец со кој е извезена историјата на Македонија, а опеан во неговата „Везилка“ го нафрли котелецот на поетското издание во негова чест.

Токму затоа, во чест на роденденот на доајенот на македонската литература Блаже Конески ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп објавува КОНКУРС „ПОЕТСКА ВЕЗИЛКА“ – За избор на најдобра лична творба – поема.

Конкурсот е отворен од 26.11.2015 до 10.12.2015 година. Секој поет има право да учествува со една творба, а поемите треба да бидат на македонски јазик.

Личните творби да се праќаат во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на улица „Прилепски бранители“ број 44 или електронски на konkurs(at)vmro-dpmne-prilep.org.mk со назнака „За литературен конкурс – Поетска везилка“.

Ќе бидат доделени три награди, а изборот на најдобра поема ќе го направи стручна комисија. Резултатите од изборот ќе бидат објавени на 14.12.2015 на интернет порталот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:www.vmro-dpmne-prilep.org.mk и во средствата за јавно информирање.

Поемите ќе бидат промовирани на поетска вечер која ќе се одржи на 16.12.2015година кога ќе бидат доделени и наградите. Сите пристигнати поеми ќе бидат објавени во второто издание на Алманахот „Поетска везилка“.

27.11koneski2