I fucking hate Sunny – кучето од Обама касна другарка од Малија во Белата куќа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кучката на семејството на американскиот претседател Барак Обама, Сани, каснала по лицето млада гостинка во Белата куќа, пренесе сајтот TMZ.

Гостинката, девојка од 18 години, му пришла на кучето за да го погали, но Сани ја каснала по лицето, наведе овој сајт специјализиран за познатите личности.

14.1.obama-kuce1

Семејниот лекар Рони Џексон оценил дека е потребно шиење на раната. Девојката потоа на социјалните мрежи постави свои фотографии со раната на образот.

Семејството Обама има две расни „португалски водени кучиња“, кои обично не се агресивни.

14.1.obama-kuce2

Постарото куче, Бо – што се иницијалите на американскиот претседател, ја има престижната титула „прво куче“. Сани има четири години, а името го добила по веселиот темперамент.

Белата куќа не го коментираше инцидентот.