И Франција го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, преку Твитер објави дека Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО.

„Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.

Останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за да може Македонија да стане полноправна земја членка на НАТО. Во Шпанија неодамна се одржаа избори и се уште нема формирано влада.

Пред неколку денови генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека не очекува процесот на ратификација на членството на Северна Македонија во Алијансата сите сојузници да го завршат до почетокот на декември, но очекува процес да биде завршен во почетокот на следната година. За земјава да стане членка документот треба да биде усвоен и во македонското собрание.