И Фејсбук удри по Трамп: „Ги прекршуваш нашите правила“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најпопуларната социјална платформа Фејсбук отстрани 88 реклами објавени на профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп, неговата кампања и на профилот на потпретседателот Мајк Пенс, со образложение дека се отстранети заради кршење на политиката за борба против омраза на Фејсбук.

Сите овие идентични реклами содржеа црвен триаголник свртен наопаку. Тој е симбол користен од германската нацистичка партија во Втората светска војна за означување на политички дисиденти во концентрационите логори. Овие реклами го привлекоа вниманието на некои корисници на Твитер, кои реагираа и го потенцираа историското значење на симболот, пишува Ен-би-си.

Портпаролот на Фејсбук напиша во изјава дека тие објави ја нарушувале политиката на компанијата, поради што биле отстранети.

„Нашата политика забранува употреба на симболи на омраза“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Другите реклами содржат различни слики, вклучително и точки на извичник и знаци „стоп“. Тие сè уште се видливи на списокот со реклами на Фејсбук.

Контроверзните реклами беа објавени од три страни: официјалната страница на Фејсбук на американскиот претседател, страницата на потпретседателот и од страницата на Фејсбук од кампањата на Трамп.

Кампањата на Трамп на Твитер објави дека симболот не се наоѓа во базата на податоци за симбол на омраза и се додава дека црвениот триаголник свртен надолу е симболот што го користи Антифа.

Отстранетите реклами велат дека „опасните банди на екстремно левичари трчаат низ улиците и предизвикуваат целосен неред“.