И двајца бугарски државјани со престој во Македонија ставени во домашен карантин заради коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пациентката кај која беше дијагностицирано првото присуство на коронавирусот во Македонија е во стабилна состојба.

Кај неа нема знаци на компликации и е во фаза на опоравување. Патниците кои патуваа со неа се во домашна изолација и во добра состојба.

„Од утрово имаме еден патник од Струмица кој дошол од Италија на 22 февруари, добил некои симптоми на грип, се јавил на еден од телефоните и од него е земен материјал. Во текот на денот ќе известите за резултатите од тестирањето“, изјави утрово министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека и двајца бугарски државјани кои работат во една битолска компанија, се пријавиле дека биле во Италија и тие се во 14-дневен домашен карантин.