Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кривични пријави против седум лица вмешани во претепувањето на двајцата полицајци (кои во моментот биле надвор од службена должност) и уште едно цивилно лице во скопско Шуто Оризари се поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи, пренесува Фокус.
Поднесени се две кривични пријави и тоа едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Ѓ. Д. (44), Е.З. (31), У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25), сите од Скопје, и втората до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Е. З. (41) и А.З.(41) вработени во МВР, кои не биле на работа, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски денеска на прес-конференција појасни дека Е.З., У.Ќ., С.Ј., Ѓ.Д. и А.И. додека биле заедно со Е.З. и А.З. и други непознати лица на 28 јануари околу 19 часот во Шуто Оризари извршиле кривично дело врз Б.К., Ф.К. и А.Р.
– Обезбедени се видео записи, извршено е соочување и извршени службени разговори со повеќе лица. За Е.З. и А.З. поведена е постапка за дисциплинска одговорност и времено им е прекинат работниот однос, информира Ангеловски на прес-конференција.