И Џонсон потврди: Британската војска обучува украински војници (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека британската војска обучува украински војници. Обуката е фокусирана на употребата на оклопни возила испратени од Британија во Украина за одбрана од руската инвазија.

„Можам да потврдам дека обучуваме Украинци во Полска да користат системи за противвоздушна одбрана, а во Британија ги обучуваме да користат оклопни возила“, изјави Џонсон пред новинарите во Индија.

Портпаролот на Џонсон изјави дека во моментов има „неколку десетици“ украински војници во Британија. Тие се обучуваат да користат оклопни возила донирани од Британија на Украина овој месец, изјави портпаролот.

Велика Британија вети дека ќе испрати 120 оклопни патролни возила во Украина, вклучително и возила од типот Мастиф, кои можат да се користат за извидување и патрола. Велика Британија, исто така, ќе обучува украински војници како да го користат амбулантното возило Самаритан и оклопните извидувачки возила Султан и Самсон.

Портпаролот на Џонсон изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници испраќаат нови видови опрема во Украина, со која можеби досега не се сретнале.

„Разумно е да добијат соодветна обука за да можат на најдобар начин да ја користат оваа опрема. Свесни сме за сите потези кои би можеле да се перцепираат како ескалација, но јасно е дека режимот на Путин е тој што ја ескалира ситуацијата“, додаде портпаролот.