И Џинобили го „боли глава“ од мајсториите на „машината“ Каваи Леонард


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Мамузите“ од Сан Антонио ги поразија „Ракетите“ од Хјустон со 112:110, а дефинитивно играч на натпреварот беше Каваи Леонард, чии мајстории на теренот го импресионираа и Џинобили, кој се држеше за глава после еден од неговите погодоци за три поени.

Со 39 постигнати поени, со сигурност стави свој печат на дуелот со Хјустон, донесувајќи му на својот тим уште една победа. После клучната тројка со која го изваде во последните триесет секунди својот тим од пораз, Каваи имаше и одлична блокада во следниот напад на Хјустон. Печат стави со слободните фрлања.