И денес сончево и топло време


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И за денес, вторник, 17 септември, метеоролозите предвидуваат претежно сончево и натпросечно топло за овој период на годината.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 34 Целзиусови степени,Маврово 26, Охрид 28, Битола 32, Кавадарци 35, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 36.

Поради високите температури денес вдолж Повардарието, а утре само во југоисточните делови ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат пониски од денешните: Скопје 29, Маврово 22, Охрид 29, Битола 31, Кавадарци 33, Крива Паланка и Берово 27, Дојран 35.

Од четврток ќе настапи значителна промена на времето – пад на дневните температури од 20 до 28) и повремени врнежи од дожд.