Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија и денес ќе биде под влијание на топол бран со жешко време и пеколно високи температури. Насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 Целзиусов степен. УВ индексот 9.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 40, Маврово 32, Охрид 35, Битола 38, Кавадарци 40, Крива Паланка 36, Берово 35, Дојран 41.
Прогнозата и за утре е сончево и многу топло, а кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 28 во Маврово, 36 во Скопје, Охрид 34, до 40 во Дојран.
Според Управата, утре попладне и во текот на ноќта, најпрво во северните делови од земјата, на места ќе има пороен дожд со грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час.
Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за пет до осум степени.