Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Временеската прогноза за денес, петок, за Македонија најавува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, на места се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. УВ-индексот ќе биде 6. Температурите ќе се движат од 17 до 29 степени.
Слично време со локален дожд и грмежи ќе се задржи и во сабота. Во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.