Home Актуелно И Бугарите ќе прават уставни измени – за „Свети Кирил и Методиј“ да стане бугарски празник

И Бугарите ќе прават уставни измени – за „Свети Кирил и Методиј“ да стане бугарски празник

Бугарската Комисија за уставни прашања на бугарското Народно Собрание денес заседава со иницијатива за прогласување на 24 Мај, Денот на Светите Кирил и Методиј за национален празник на бугарските просветители, пренесуваат бугарските медиуми.

Претставници на коалицијата ПП-ДБ (Продолжуваме со промената и Демократска БУгарија) велат дека за предложените измени во Уставот имаат широк политички договор.

Освен ова, предложени се и измени во Уставот на Бугарија што се однесуваат на раздвојување на Судскиот совет од Советот на обвинители и воведување на институтот уставна жалба.

Денеска и во Комисијата за уставни прашања на македонското Собрание почнува расправата за измени во Уставот на Македонија кои се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата, меѓу кои и на бугарскиот народ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…