И бившиот сопруг од Меган Маркл си ја најде среќата – се ожени со милионерка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И Тревор Енгелсон, бившиот сопруг на сегашната војвотка од Сасекс, Меган Маркл, си ја најде љубовната среќа и се ожени со наследничка на мултимилионерска компанија.

Тревор Енгелсон, кој две години беше во брак со Меган Маркл, се ожени со 32-годишната Трејси Карланд, ќерка на мултимилионер. Венчавката се одржа во кругот на пријателите и роднините во куќата на невестата во луксузното предградие на Лос Анџелес, Хиден Хилс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blog Tainment (@blogtainment) on

Таму живеат нејзините родители Стенфорд и Шеила. Стенфорд Карланд до 2006 бил втор човек во компанија за недвижности и позајмување кредити. Тогаш својот дел го продал за 200 милиони долари.

Филмскиот продуцент Енгелсон (41) ја побарал Трејси за жена во јуни и тоа само две недели по венчавката на принцот Хари со Меган.