Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екс фудбалската ѕвезда, денес и модна икона, Дејвид Бекам, освен дизајнерските парчиња облека, ги обожава и луксузните автомобили, па логично, во сопственост има импресивна колекција која го краси неговиот возен парк. Во тој автомобилски рај Бекс неодамна додаде уште еден луксузен автомобил.
Папараците го уловија на излегување од еден познат вегетеријански ресторан во Лос Анџелес , каде застана по чаша здрав напиток пред да оди во теретана.
Иако изгледаше спортски и набилдан, вниманието го привлече неговиот нов болид од брендот МекЛарен.
Познато е дека Бекам во колекцијата поседува спортски Јагуар од околу 140.000 фунти, Ауди од 80.000 фунти, Кадилак Ескаласда, Џип Вранглер и Ферари 612 Скалети чија цена достигнува до 200.000 фунти.
Бекам сака брзини и брзи возења, поради што често има проблеми со полициските сообраќајни служби. Во јануари беше запрен поради тоа што со своетоп Бентли возел 100 км/час на место каде било дозволено 60.