И Австралија наскоро ќе го забрани флертот на улица…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Партијата „Лист Плик“ сака во Австралија да се воведе закон со кој би се забранило флертувањето на улица.

„Убвавице, насмевни се“, „Застани, го сакам твојот број“… „Додворувањето“ на овј начин на улица, во Франција е забрането.

Законот е усвоен изминатата недела и таквото флертување на улица и свиркање по жените, ќе биде санкционирано со парична казна од 90 до 750 евра.

„Важно е да се занимаваме и со оваа тема“, смета Марија Штерн од „Лист Плик“.

Таа укажа дека девојчиња од 12 години се соочени со мажи кои ги „напаѓаат“ среде улица.

Според нејзините зборови, неопходно е нешто да се преземе и во Австралија, да се разгледа законот каков што Франција го воведе.

Министерството за прашањето за жените најави дека ќе се занимава со оваа тема, додавајќи дека мора да се отфрли секакво сексуално злоставување.

Исто така, Министерството наведува дека моментално го анализира законот кој Франција неодамна го воведе.