И антибиотиците едни од најголемите виновници за предизвикување на КАМЕН ВО БУБРЕЗИТЕ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лицата кои често земаат одредени антибиотици имаат поголем ризик за формирање камен во бубрезите, предупредуваат научниците.

Научната студија ја проучуваше потрошувачката на антибиотици според електорнските здравствени картони, 25.981 пациент кои добиле камен во бубрезите, и во контролната група од 259.797 слични заболени кои го немале тој проблем.

Утврдено е дека земањето на некои од петте групи антибиотици, сулфонамид, цефалоспорин, флуорокинолон, нитрофурантоин/метенамин и пеницилин, во изминатите три до 12 месеци биле поврзани со зголемен ризик од појава на камен во бубрезите.

Зголемувањето на ризикот се движи во распон од 27 одсто поголем изглед кај пеницилинот до повеќе од двократно поголем ризик по земањето на сулфонамид.

„Антибиотиците спасија милиони животи и потребни се за спречување на смрт и сериозни последици од инфекции, а нивната корист ја надминува можноста од штетни последици“, напоменува раководителот на студијата др. Грегори Тасијан од детската болница во Филаделфија.

Тој истакна дека резултатите од научната студија не сугерираат дека антибиотиците не треба да се препишуваат кога тоа е потребно.