Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Песната „Дује“ на овогодинешното издание на Евросонг заеднички ја изведуваат Аљбина Кељменди од Албанија и Фамиља, која е од Пеќ, Косово.
По пласманот во финалето, на прес-конференцијата следеа прашања од новинарите, а од страна на Фамиље имаше и изјава во која се споменува „Голема Албанија“.
„Не зборувам добро англиски… Сите сме многу среќни и многу горди на нашите Албанци, на мојата земја…“, рече Аљбина, а следеше прашањето каква е сега атмосферата во нејзината земја.
„Верувам дека таму е лудо. Ние сме иста крв, од иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а имаме мајка која е Голема Албанија. Веќе ја видовме големата љубов и поддршката што ни ја даваат деновиве ќе дознаеме кога ќе се вратиме таму“, беше одговорот на Фамиље.
Комплетната листа на финалисти на Евровизија ја сочинуваат: Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија. Меѓу финалистите се земјите кои директно се пласираа во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.