И Агуеро си доби златен медал на Светското првенство во Катар – еве кој беше „виновен“ за тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот аргентински фудбалер Серхио Кун Агуеро беше во центарот на вниманието по триумфот на Аргентина над Франција во финалето на Светското првенство во Катар.

Тој славеше со играчите на Аргентина, позираше со победничкиот пехар, а доби и златен медал иако не беше дел од репрезентацијата. Аргентинските медиуми открија што се крие зад оваа приказна.

Имено, на убедување на неговиот добар пријател Лионел Меси, Аргентина го пријавила како помошник тренер на турнирот.

Агуеро пристигна во Доха неколку дена пред почетокот на Светското првенство, но не како член на тимот, туку приватно. Тој не престојуваше во хотелот на репрезентацијата, но тоа се промени пред големото финале. Прво одработи неколку тренинзи со тимот, а потоа беше објавено дека му е цимер на Лионел Меси пред пресметката со Французите.

Финалниот натпревар го следеше од трибините, но веднаш по мечот слезе на теренот и со своите поранешни соиграчи го славеше големиот успех. На крајот благодарение на Меси го доби медалот за кој сонуваше цел живот.

Да потсетиме, Агуеро повеќе од десет години играше за Аргентина и беше дел од тимот кој ја освои Копа Америка.

Сепак, неколку месеци по освојувањето на првиот трофеј со репрезентацијата поради проблеми со срцето мораше да стави крај на кариерата.