Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дали знаете дека постои институт во Холандија каде што можете да ја пратите вашата коса во вид на донација и тие изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со ракот!
Адресата е: Haarwensen Postbus 244 3640 AE Mijdrecht The Netherlands (hair donation)“.
Со овој текст во објавата на нејзиниот Фејсбук профил, македонската убавица Емилија Розман уште еднаш покажа и докажа дека хуманоста и хуманитарниот активизам се нејзино второ „јас“.
За манекенката Розман одамна е познато дека е хумана личност која својот хуманитарен активизам го докажала како крводарител, член на Црвениот крст. Со нејзиниот последен хуман гест таа дополнително ги освои симпатиите на голем број Фејсбук корисници и нејзини обожаватели.
Розман дефинитивно е јавна личност од чиј активизам и хуманост можат и треба да учат многу други познати „фаци“.