Хуманитарните организации алармираат: Поради суша на Африканскиот рог на 13 милиони Африканци им се заканува глад


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поради сушата од која е погоден Африканскиот рог, од југ на Етиопија до север на Кенија и Сомалија, глад им се заканува на речиси 13 милиони жители на африканскиот континент, предупредуваат хуманитарните организации.

Во регионите со претежно сточарско и земјоделско население, последните три сезони на дождови од крајот на 2020 година имаше мали количества на врнежи, а поради скакулци опустошени се посевите од 2019 до 2021 година.

„Рогот на Африка сочинува само 4 отсто од светското население, но дури 20 отсто е изложено на несигурност во однос на храната”, предупреди Мајкл Данфорд, директор на Светската програма за храна (WFP) за Источна Африка.

Според ОН, 5,7 милиони луѓе имаат потреба од помош во храна во јужна и југоисточна Етиопија, од кои половина милион деца и мајки се неухранети.

Во источна и северна Кенија, каде што претседателот на земјата прогласи национална катастрофа во септември, на 2,8 милиони луѓе им е потребна помош во храна.

Во Сомалија, бројот на гладни може да се зголеми од 4,3 милиони на 4,6 милиони до мај, доколку не е потребна итна помош. Властите прогласија вонредна состојба во ноември.

Во таа земја „неухранетоста достигна критични нивоа”, рече портпаролот на УНИЦЕФ, Виктор Чињама, повикувајќи го светот „да дејствува веднаш”, бидејќи „ако се чека да се влоши ситуацијата или да се прогласи глад, може да биде предоцна”.

Во 2017 година, раната хуманитарна мобилизација помогна да се спречи гладот ​​во Сомалија, кој не успеа во 2011 година кога 260.000 луѓе – од кои половината деца на возраст под шест години – починаа од глад.

На повикот на ОН да се соберат 1,23 милијарди евра за помош на населението на Сомалија во 2022 година, досега се обезбедени само 2,3 отсто