Музика

Хуманитарна акција за музичките бендови кои ја изгубија опремата во пожарот во Макотекс

Пред неколку дена, во пожар што ги зафати просториите на „Макотекс“ изгоре голем дел од опремата на неколку локални бендови.

Неофицијално, материјалната штета е проценета на приближно 20 000 евра, додека нематеријалната штета како што велат, е бесценета.

Со цел да им помогнат на своите колеги, музичари организираат хуманитарна свирка за да се врати барем мал дел од она што е загубено.

Цена на картата ќе изнесува 200 денари и може да се купи на врата, а оние кои сакаат дополнително да донираат, тоа може да го направат на следната трансакциска сметка.

Свирката ќе се одржи во понеделник (26 декември) во „Маракана“ со почеток во 21 часот. На неа ќе свират бендовите Kabadayas, Barbarella, Нокаут, Point Blank, The Black & Vice Social Club, Armadillo и Флукс. Гостин ќе биде Перо Шпирт од „Санаториум“.

Advertisements
To Top