Хулио Иглесијас стана татко на 75 години – „малиот“ има 43 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот суд утврди дека постојат доволно цврсти и релевантни докази според кои се потврди дека 43-годишниот Хавиер Санчес е биолошки син на легендарниот пејач и заводник, 75-годишниот Хулио Иглесијас.

Хавиер Санчес

Судијата го зеде како доказ одбивањето на Иглесијас да направи генетско тестирање, по што во овој судски процес пресуди во корист на 43-годишниот Санчес, кој го тужеше познатиот пејач за утврдување на татковство.

Во објаснувањето на судијата се наведува дека постоела интимна врска помеѓу Хулио Иглесијас и мајката на Санчес. Времетраењето на оваа врска се поклопува и со датумот на кој е заведена бременоста на мајката.