Huawei P40, P40 Pro и P40 Pro+ – врвен дизајн со „ѕверски“ моќна камера


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант Huawei ги промовираше своите нови модели – P40 Pro+, P40 Pro и P40, кои се пример за врвен дизајн и револуционерни камери кои радикално ги прошируваат можностите за фотографирање и снимање.

Huawei P40 ја продолжува традицијата по која Huawei P серијата е најпозната – а тоа е врвна камера. Сензорот со големина од 1/1.28 инчи има двојна големина на пиксели од 2.44 μm за да го зголеми внесот на светло за подобри перформанси при слабо осветлување, а унапредениот дизајн е помогнат со 10х оптички зум.

Целата серија има Kirin 990 5G процесор и поддржува 5G мрежа и Wi-Fi 6 Plus.

И хардверот е унапреден со Huawei Quad-curve Overflow екран.

Ричард Ју изјави дека серијата P е посветена на естетиката и врвен хардвер за обработка на фотографии.

Уредите се достапни во три бои: Ice White, Deep Sea Blue и Black, и две мат бои – Blush Gold и Silver Frost.

Huawei P40 Pro и P40 Pro+ поседуваат 32MP AF камера и IR Depth камера кои поддржуваат автоматско фокусирање и bokeh репродукција за создавање на извонредни ефекти за портрети кои се карактеристични за уредите на Huawei.

P40 дава извонредни фотограии со ултрашироките телефото објективи.

P40 Pro ја содржи Leica Quad камерата со уште помоќна Ultra Wide Cine камера и ToF камера со 50х SuperSensing зум.

P40 Pro + на корисниците им овозможува да гледаат одлично со SuperZoom Array кој поддржува 10х оптички зум и 100х максимален дигитален зум.

Смартфоните на Балканот се очекува да пристигнат во април.

Huawei P40 Pro+ (8Gb+512GB) ќе се продава по цена од 1.399 евра;

Huawei P40 Pro(8GB+256GB) по цена од 999 евра;

Huawei P40(8GB+128GB) по цена од 799 евра.

Покрај смартфоните, Huawei ги претстави и Watch GT2e, Sound X звучник, Huawei gentle monster дигитални наочари.

Извор: Кајгана