Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Неодамнешната промоција на дизајните на евромонетите кои ќе се најдат во оптек во Хрватска, како и во 19 други земји-членки на еврозонотата, предизвика бурна реакција во Србија, но и контроверзи во Хрватска поради обвинувањата за плагијат, пишува Нова Македонија.
Станува збор за монететите од две и од едно евро, како и оние за 50, 20 и 10 центи на кои ќе се најдат мотивите на хрватската шаховска табла, географска карта на Република Хрватска, животното куна, ликот на Никола Тесла и писмото глаголица.
Српската јавност и медиуми се побунија против, како што велат, присвојувањето на светски познатиот српски научник Никола Тесла, кој е роден на територијата на денешна Хрватска. Народната банка на Србија претходно реагираше на најавата, сметајќи дека ставањето на ликот на Тесла на монетата од еврото претставува „присвојување на културното и научно наследство на српскиот народ“.
Реакции од хрватската јавност, пак, предизвика монетата со мотивот на куната, чиј дизајн авторот го повлече по обвинувањата за плагијат. Хрватската народна банка објави дека авторот на спорната евромонета синоќа контактирал со нив, јавуваат медиумите во соседството.
Хрватската парична комисија синоќа добила писмо од Стјепан Прањковиќ, авторот на дизајнот на мотивот „Животно куна со шаховска табла во позадина“ за задната страна на монетата од едно евро. Прањковиќ решил да се повлече од натпреварот откако се појавија наводи дека дизајнот не е негов. Тој истакнал дека немал намера да повреди нечии чувства, па им се извинува на сите, особено на Хрватската народна банка, Владата и на хрватската јавност.
– Охрабрен од непријатната атмосфера создадена во медиумите и социјалните мрежи, како и од притисоците на кои бев изложен во врска со мојот дизајн на монетата од едно евро со мотивот куна, решив да го повлечам предлогот за дизајн и се откажувам од какви било права. Оваа одлука е донесена со цел да не се влоши оваа ситуација или да се придонесе за понатамошни можни неизвесности. Жал ми е што имаше контроверзи околу мојата работа што може да наштетат на овој важен процес за Република Хрватска – изјавил Пранковиќ.
Споредбата на куните од евромонетата и фотографиите објавени на интернет набрзо се прошири на социјалните мрежи, а дел од Хрватите му посочија на шкотскиот фотограф Ијанин, дека сметаат оти неговата фотографија со куната е злоупотребена. Тој потоа и самиот се вклучи во дискусијата на Твитер.
– Ви благодариме што ме известивте. Не знам што можам да направам, можеби ќе ми испратат гратис паричка – кажал фотографот.
Останува да се види како ќе изгледаат монетите кога ќе бидат пуштени во оптек, а дотогаш можеби страстите ќе стивнат. Во тек се подготвителните активности за производство на монетите.