Хрватски Телеком стана мнозински сопственик на црногорскиот Телеком за 123 милиони евра


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Хрватски телеком потпишал договор со Маѓар телеком за купување на 76,53 отсто дел во компанијата на Црногорски телеком за 123,5 милиони евра, пренесува Фактор.

Како што јавува Вечерњи лист, се работи за најголемата аквизација на ХТ досега, односно прв голем чекор во реализација на стратегијата ширење на Хрватски телеком и негово позиционирање како водечки телеком играч во регионот.

Заклучување на трансакциите се очекува до крајот на јануари 2017 година.

Како што велат од ХТ, оваа аквизација ќе му овозможи излез на црногорскиот пазар на хрватскиот телеком оператор, неговите добавувачи и други компании од ХТ групата, со што се создаваат претпоставки и промовира извоз на хрватски стоки и услуги во Црна Гора.

Притоа, ширењето на ХТ, кој директно и индиректно генерира повеќе од три отсто од хрватскиот БДП, во конечниот исход ќе има позитивно влијание на економската активност, вработеност и приходи на државата од данокот во Хрватска.

Црногорскиот Телеком е најголемата телекомуникациска компанијата во Црна Гора, која нуди целосен спектар на фиксни и мобилни услуги. Во првите девет месеци од 2016 година, компанијата остварила приходи од 69,4 милиони евра. На крајот на третиот квартал имале 369,6 илјади мобилни корисници и биле втор играч на пазарот, со 32 отсто корисничка база во мобилната телефонија, каде најголеми конкуренти им се Теленор и М Тел.

Со 140,3 илјади корисници во фиксната телефонија, Црногорски телеком има 93,6 процентен дел на пазарот на фиксната телефонија. Исто така има 73,1 илјади корисници на широкопојасен интернет, како и 60,1 илјада ИПТВ корисници. Кон крајот на 2015 год во компанијата работеле 588 вработени , се додава во текстот.