Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На неколку локации на јадранскиот брег во Хрватска избувнаа пожари, а поради силната бура огнот им се закани на куќите во Бродарица и во близина на Шибеник.
На пожарникарите им помагаат жителите и туристите кои ја топат со вода вегетација околу куќите, а беа ангажирани и канадери.Пожар избувна и во Далматинска Загора, а тешко е и во близина на Пула и на островите Вир и Паг. Хрватските вооружени сили потврдија дека се вклучени во гаснењето на пожарите на површина од Истра во Далмација.
Пожарите се уште се активни и на црногорскиот брег. На Луштица и од Грабовица да Бигово пожарот што беше засилен од ветровите и им се закануваше на населбите сега е под контрола, така што е одложена евакуацијата на жителите.
“Ситуацијата на теренот е многу тешка.Огромниот пожар се пренесува од страна на силен ветер. Се бориме и се надеваме дека брзо ќе го изгаснеме огнот”, изјави командантот на службата за спасување на Котор, Максим Мандиќ.Пожар има и на неколку локации околу Тиват.
“Ситуацијата е алармантна и немаме помош од воздух, поради силниот ветер кој постојано го врти правецот. Сите сме тука во областа, целиот персонал, опремата, техниката. Оставени се само неопходни сили да го бранат градот ако треба. Ситуацијата е драматичните и алармантна. Затоа ги молам сите што можат да ни помогнат да излезат на терен “, повика Мандиќ.