Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Без никакво почитување на епидемиолошки препораки и превентивни мерки, без никаква почит кон болните во центарот, со хармоника украсена со банкноти, алкохол, гласно пеење – ова е дел од снимката на која медицински сестри и помошен персонал играат оро, лумпуваат и се забавауваат во најголемиот КОИВД-19 центар во Хрватска, во клиничката болница Дубрава, во Загреб.
„Без дистанца и без маски”, наведува хрватскиот канал РТЛ, додавајќи дека оваа скандалозна снимка, која до медиумите ја проследиле некои од вработените во болницата, била направена на почетокот месецов.
Една од вработените испратила и писмо до РТЛ во кое изјавува дека не доживеала ништо слично за повеќе од 20 години работно искуство.
„Во вакви ситуации, се срамам што сум медицинска сестра. Не сум го доживеала ова никогаш во 20 години искуство. Непочитување на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбураши, песна и оро. Очекувам санкции за актерите на овој настан за да не се повторат во иднина. Ние се бориме против вирусот, а сами го шириме. Јас сум лута и разочарана “, напиша една сестра.