Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дојде крајот и на 32 дводневниот фудбалски спектакл, Франција е новиот светски шампион во фудбал!
Целиот Балкан посакуваше Хрватска да се искачи на тронот, но сепак на крајот Франција во ја фаворитската улога и славеше со 4:2.
Хрватска воопшто не одигра слабо, напротив во првите 45 минути иако имаше негатива од 2:1 беше подобрата репрезентација на теренот. Доволно зборува фактот и што Французите во првиот дел иако имаа два гола, упатија само еден удар кон голот на Субашиќ.
Манџукиќ несреќно во 18 минута по еден слободен удар ја погоди сопствената мрежа. Хрватска сепак се врати после десет минути игра, со гол на Иван Перишиќ.
За предност од 2:1 на Франција на полувреме погоди Гризман со удар од белата точка во 38 минута, после реакцијата на ВАР. Токму тој пенал беше единствениот удар на Французите во првото полувреме.
Во вториот дел Франција имаше среќа да постигне два брзи гола и така да го реши финалето. Пол Погба во 59 минута погоди за 3:1, само шест минути подоцна Килијан Мбапе зголеми на 4:1. Во тие моменти беше јасно дека Хрватска може да ја спаси само чудо.
Лорис им даде мала надеж на Хрватите со неверојатниот кикс кој го направи во 69 минута, кога се обиде да го дрибла Манџукиќ пред својот гол кој го казни за 4:2.
Тој резултат на крајот се покажа и како конечен.
За Франција ова е втора светска титула после онаа во 1998 година.