Хрватите направија апликација за заспивање бебиња која ќе ве воодушеви


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Агенцијата Five, зад која стојат Виктор Марохниќ и Лука Абрус, изработи мобилна апликација за заспивање бебиња за која Американците буквално полудеа.

Five ја изработи апликацијата Moonlite за Натали Ребот, мајка која смисли генијален начин за успивање на бебето правејќи сенки на ѕидот со нејзината рака користејќи го блицот од нејзиниот телефон.

Five ја изработи апликацијата за неа, додека хардверскиот дел кој се вградува на блицот го изработи познатата компанија Spin Master. Апликацијата содржи филтри за светло кои на ѕидот создаваат слики следени од текст кој го читаат родителите.

Освен што создава слики на таванот над креветот, апликацијата создава и звук кој им помага на децата што побрзо да заспијат, додека родителите текстот го имаат на екранот од својот мобилен.

Moonlite во една емисија ја испроба и славната актерка Вупи Голдберг, која беше импресионирана од иновацијата.