Хрвати уапсени во Португалија со речиси 1,5 тона кокаин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајца хрватски државјани, по потекло од Далмација, беа фатени и уапсени поради шверц на 1.400 килограми кокаин кај Азорските острови, на територија на Португалија.

Двајцата Хрвати беа уапсени како дел од екипажот на едрилицата „SY Oggi” која пловела под знаме на Британските девствени острови од Кариби преку Атлантскиот океан кон Европа.

На бродот имало четири лица, а конечната дестинација за испорака на кокаинот вреден неколку десетици милиони долари била Велика Британија. Тие се уапсени во акција која ја водела британската Национална агенција за криминал во соработка со португалската полиција, морнарица и авијација.

Кокаинот е пронајден во внатрешноста на едрилица, сокриен зад лажни прегради за гориво. Покрај двајцата Хрвати кои и се познати на полицијата поради пропродажба на дрога, на бродот имало и еден Британец и еден Холанѓанец.