Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во денешниот прв натпревар на Мундијалот од групата „Е“ на Мундијалот Србија ја совлада Костарика со 1:0.
Големо внимание во регионот привлече навивачот кој со дрес од Хрватска дојде на стадионот да навива за Србија.
„Живеам во Русија веќе пет години, а претходно бев и во Германија. Крстајиќ го познавам од Бундес лигата и мислам дека Србија може да стигне до ¼ финалето. Кога во прашање е хрватскиот дрес, тоа не е никаква провокација. Сакав само да покажам дека сме еднакви и дека ова е само фудбал“, гласеше неговата изјава за „Телеграф“.
Да потсетиме и неговата Хрватска ден претходно освои три бода (победа против Нигерија 2:0).