Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Единствениот кандидат за лидерското место, Христијан Мицковски (40), на конгресот во Валандово, е новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Oд вкупно 438 делегати на 16-от вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, 376 делегати гласале „за“, а имало 52 неважечки ливчиња.
Кандидатурата на Мицкоски помина во сериозни поделби во партијата. Актуелни и поранешни пратеници, поранешни министри покренаа иницијатива за одлагање на конгресот, повеќе време за негово организирање и демократизација на постапката за кандидирање. Претседателот во оставка Никола Груевски ја одби оваа иницијатива и на конгресот рече дека е изненаден од поделбите предизвикани од неговите најблиски соработници.
Мицкоски е доктор по технички науки-машинство, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје. Беше претседател на управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ, од советник на премиерот Никола Груевски. Магистрирал и докторирал на универзитети во Германија и Италија.
Од партиските активности, Мицковски беше претседател на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, дел од Републички изборен штаб на изборите 2011, дел од Републички изборен штаб ИЕ4 на изборите 2008, 2014, 2016, член на конгресот на партијата во 2003 кога за претседател е избран Никола Груевски и член на конгресот во 2015 година.