Храна која визуелно ве здебелува


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овошјето, без сомнеж, е здраво и потребно да биде застапено во вашата секојдневна исхрана, но и тоа може да биде иницијатор за чувство и појава на подуеност, поради големата количина на гликоза и фруктоза кои организмите на некои луѓе не ги поднесуваат многу.

Токму тие состојки ќе направат да се чувствувате и да изгледате подуено и да не можете да ги облечете фармерките кои до вчера ви стоеле како да ви се по мера шиени. Еве дел од храната која може да го постигне тој ефект.

1.Млеко и млечни производи

Први на листата на „осомничени“ за подуеност се токму овие производи, кои можат прилично да ви го подујат стомакот и да предизвикаат проблеми со варењето на храната.

2.Скроб

Ако редовно консумирате храна богата со скроб, која вклучува пченица или јачмен, големите количества на фруктан кои ги содржат истите можат да направат да не можете да си ги облечете омилените фармерки. Префрлете се на зоб, пченка, ориз или компир, кои ќе ги задоволат вашите потреби за скроб, но имаат далеку помалку фруктан.

3.Вештачки засладувачи

Тие не само што можат да бидат опасни за вашето здравје, туку и вашиот стомак ќе го претворат во балон, а тука се вклучени и гумите за џвакање.

4.Овошје

Како што спомнавме погоре, големите количества на гликоза и фруктоза во овошјето можат да предизвикаат подуеност. Проверете со кои овошни плодови имате проблеми од ваков тип, па заменете ги со друго овошје, на пример јаболка, цитрусни и зрнести овошја, кои се одлични за борбата против подуеност.