Храна која нутриционистите ја презираат

Храна која нутриционистите ја презираат

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите познати нутриционисти веруваат дека овие намирници мора да ги избегнувате…

Нутриционистите имаат само една цел, а тоа е да ви помогнат и да ви објаснат која храна е лоша, а која е добра за вас. Иако нутриционистите велат дека секоја намирница има свои предности и недостатоци и дека исхраната треба да биде умерена и разновидна, тие исто така веруваат дека постојат намирници кои треба да се избегнуваат и да се јадат само понекогаш.

Доколку сакате да бидете здрави, да живеете подолго и да имате совршена тежина, тогаш овие намирници не би требало да бидат во вашата секојдневна исхрана.

Овошни јогурти

Овошните јогурти се вкусни, слатки и содржат многу хранливи материи. Сепак, тие содржат и големи и нездрави количини шеќер, кои во никој случај не се добри за вашето тело.

Магдонос

Многу луѓе не знаат дека магдоносот може да биде отровен. Неискусните готвачи не треба да го користат во салати или да го мешаат со мајонез и други сосови, бидејќи ако магдоносот не се подготви правилно, може да лачи опасни нитрати кои негативно влијаат на вашето тело.

Сосови

Сосовите содржат и високи концентрации на шеќер и нездрави адитиви кои можат сериозно да го загрозат вашето здравје и да доведат до дијабетес. Токму поради овие причини нутриционистите препорачуваат избегнување на сосови.

Пченка

Иако сите знаеме дека пченката е здрава, поради употребата на разни адитиви и хемикалии, пченката станува нездрава и често содржи повеќе хемикалии отколку витамини. Нутриционистите велат дека пченката треба да ја јадете само ако ја одгледувате во вашата градина или ако ја купувате од личност на која и верувате и која не користи пестициди или ГМО препарати.

Суво овошје

Досега сте заклучиле дека нутриционистите не сакаат шеќер и токму тоа е причината поради која не препорачуваат консумирање сушено овошје. Можете да јадете суво овошје, но во мали количини и обидете се да не го правите тоа секој ден.