Храбар потег со екстремни засеци: Одвај се покри меѓу нозете, а ги откри и градите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На доделувањето на наградите од американското Здружение на актери (SAG) кое се одржа минатиот викенд во Лос Анџелес, голем број убавици и дами продефилираа во блескави изданија на црвениот тепих, облечени во проѕирни и деколтирани тоалети.

Но, Џесика Пиментал отиде еден чекор понатаму во поглед на провокативниот моден избор. Ѕвездата од серијата Orange Is The New Black беше облечена во виолетов фустан со екстремни засеци кои допираа до нејзиното меѓуножје, а и со длабоко отворено деколте.

За некои критичари овој фустан е секси, додека други сметаат дека ваквите избори, како и оние на другите славни убавици, се претерано покажување на голотија на црвениот тепих. Како и да е, секој со својот вкус, Џесика со нејзиниот, а и вие со вашиот. Ѕирнете и судете. Ние даваме 7-ка од 10. 😉