Хоуп Соло: Блатер ме зграпчи за задникот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Репрезентативката на САД, Хоуп Соло, предизвика голема прашина со својата изјава во медиумите, поврзана за Сеп Блатер.

Голманката на Америка пред четири години присуствуваше на доделувањето на Златната топка, а тогаш се запозна и со тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, но и многу брзо зажалила што го запознала.

„Блатер тогаш ме удри по задникот. По таа ситуација бев многу нервозна и не знаев што да правам. Повеќе никогаш не го видов. Немав прилика да му кажам дека тоа никогаш повеќе не смее да го направи, навистина се чуствував ужасно“, изјави искусната 36 годишна голманка и додаде:

„Злоупотребувањето постои во овој спорт. Сведоци сме биле на многу ситуации во кои некоја фудбалерка завршува со тренерот кој е многу постар, но сепак не смее ништо да каже. Лично можев да видам како се однесуваат, тренерита, докторите и многу други кон фудбалерките. Време е да зборуваме на таа тема и да кажеме низ што поминуваме. Се надевам дека после ова и многу други мои колешки ќе соберат храброст ова да го кажат јавно“, изјави Соло.

„Сакам луѓето да разберат, коцкањето не е лоша работа ако не излегува од рамките во кои е замислена – да бида забава и занимација“ – Мајкл Џордан