Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Брачните двојки коишто ќе се разведат во рок од една година по престојот во хотелот „Countryside“, ќе имаат барем една причина за радост, бидејќи хотелот ќе им ги надомести трошоците.
Ова го објави шведска групација која сака со ваквата кампања да ги поттикне двојките да се посветат себеси пред да биде предоцна.
„Се надеваме дека сé повеќе луѓе ќе сфатат колку е важно да се вложува еден во другиот, пред да биде предоцна за спасување на односите“, изјави портпаролката нагрупацијата Ана Мадсен и ги отфрла стравувањата дека нивната иницијатива би можела да биде злоупотребена.
Имено, за да го остварат враќањето на трошоците, двојките треба да ја наведат шифрата на резервацијата на престојот во некој од 40-те луксузни хотели на групацијата и, доколку, а „тоа е против секое очекување“, се разведат во рок од една година, можат да го испратат судското решение за разводот на адресата на групацијата „Countryside Hotels“, којашто ќе им ги надомести трошоците за престој до две ноќевања.
Двојките мора да бидат законски венчани и да престојуваат во иста хотелска соба. Понудата којашто има неограничено траење, е воведена од 20-ти март годинава и засега не се знае дали довела до зголемување на резервациите.
„Голем број луѓе дојде да се распрашаат дали навистина важи оваа понуда“, додаде портпаролката и појасни дека целта на иницијативата е да ги наведе двојките да го променат своето секојдневие.