Хоророт „The Nun“ најгледан филм во светските кино сали изминатиот викенд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нискобуџетниот хорор филм „The Nun“ после премиерниот викенд на прикажување ширум светот заработи 131 милион долари и се најде на првото место од листата со филмови со најголема викенд заработка од кино проекции.

Во САД филмот заработи 53,5 милиони долари, а ширум остатокот од светот 77,5 милиони долари. Со оглед на фактот дека филмот е снимен со релативно мал буџет од 22 милиони долари, инвеститорите и тоа како си ги вратија вложените пари и дебело заработија на новата филмска хорор приказна.

„The Nun“ е петти по ред филм од хорор франшизата „Conjuring“. Режисерскиот потпис е на Корин Харди, а дејството е сместено во периодот пред „Conjuring“ и „Annabelle“. Кога една монахиња во Романија ќе си го одземе животот, Ватикан праќа свештеник и чесна сестра за да ја истражат нејзината смрт. Заедно откриваат не баш света тајна во манастирот.

„Знаевме дека добро стоиме и котираме како што се приближуваше премиерниот викенд, но не можевме да го предвидиме ова ниво на успех“, изјави Џеф Голдштајн, шеф на дистрибуција во Warner Bros.