Хорор во Турција: Надојдената вода по улиците на Анкара носеше сè пред себе


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поради силните врнежи и невремето кое го погоди, главниот турски град Анкара претрпе огромни штети, а особено беше погодено предградието Мамак, јавуваат турските медиуми.

Надојдената вода однесе повеќе од стотина автомобили, а во поплавите се повредени неколку лица, јавува агенцијата Доган. На снимките се гледа дека водата со себе однела и цели делови од улиците. Жителите и локалните власти почнаа со операции за расчиствување.

Метеоролошкиот институт во Анкара за претстојните денови најави продолжување на обилните врнежи и ново силно невреме, кое може да предизвика поплави и во Истанбул и во крајбрежниот град Измир.