Актуелно

Хорор во тетовско: Во пожар изгореа четири објекти и добиток

Две штали, пет животни и многу резерви на храна изгореа во пожар кој избувнал рано утринава на имотот на семејството Есати во Бозовце на Шар Планина. Пожарот оштетил и неколку околни куќи, но без последици.

Пожарот избувна од два и пол часот. Дојдоа селани и ми кажаа дека гори. Кога излеговме веќе се беше завршено. Изгореа четири крави и еден коњ, телето, кравата, коњот се целосно изгорени. Имавме 700 килограми жито и 500 килограми брашно и тие се уништени, изјавува Самет Есати, сопственик на објектите.

Причините за пожарот се уште не се познати, но домаќинот е сигурен дека тоа сигурно не била струја затоа што во шталите немало електрична инсталација. Огнот го гаснеле пожарникари и месното население.

Освен овие штали, од пожарот била зафатена и една станбена куќа во која имало жители, но нашиот ангажман беше максимален и синоќа работевме во многу тешки услови бидејќи температурите беа многу ниски, до минус 27, минус 28 степени. Ја спасивме куќата, жителите ни помогнаа многу и благодарен сум што се солидаризираа со нас, изјави Ука Алити, командир на Противпожарната територијална единица

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top