Хорор во Рим: Торнадо ја погоди околината на градот, Колосеумот поплавен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Околината на Рим беше погодена од силно торнадо и големо невреме, при што загинаа најмалку двајца луѓе, а повеќе се повредени.

Така, во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим едно лице загинало кога врз него се урнал дел од зграда, а десетина се повредени. Според Corriere della Seara, 25 – годишен маж загинал кога над него се урнал дел од фасада.

Има голем број паднати дрва, и уништени продавници, но најголемите штети се на железничката станица, каде се урнала платформата.

Во населбата Чезано на северот на Рим загинал 74-годишен пензионер врз чиј автомобил паднало дрво од силното невреме. Луѓето објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи во кои се гледа како торнадото минува покрај населеното место, рушејќи сè пред себе.

Оштетени се многу куќи и згради, а бурата што го предизвика торнадото исто така придонесе и за поплавени улици во Рим, додека училиштата денеска се затворени. Голем број објекти останале без покриви и надстрешници, додека некаде невремето уривало и ѕидови.

Во Рим едно од најмаркантните обележја на градот, Колосеумот е под вода.