Хорор во Етиопија: На групна крштевка крокодил го усмрти свештеникот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден протестантски свештеник беше нападнат и убиен од крокодил кој излезе од водата додека свештеното лице вршеше групно крштевање во Етиопија.

Нападот се случил во неделата наутро, додека свештеникот Дошо Ешет спроведувал церемонија на групно крштевање на околу 80 луѓе во градот Арба Минч, објави Би-Би-Си.

Жителите и полицијата изјавле дека крокодилот скокнал од водата за време на церемонијата на крштевање и го нападнал свештеникот, а човекот починал од сериозни повреди на грбот, раката и ногата.

„Свештеникот заврши со првиот верник и ја започна церемонијата за кршевање на вториот. Одеднаш, крокодил излезе од водите на езерото и го напада“, изјавил очевидецот Кетема Каиро за Би-Би-Си.

Локалните жители со помош на рибарски мрежи го спречиле крокодилот да го повлече телото на свештеникот во водата. Полицијата соопшти дека по инцидентот крокодилот избегал.