Хорор во детска градинка во Тајланд – брутално убиени 22 деца


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во напад со огнено и ладно оружје кој го изврши бивш полицаец во една детска градинка во Тајланд, убиени се над 30 лица. Меѓу загинатите има и дваесетина деца, од кои најмалите биле на двегодишна возраст.

Црниот биланс на масакрот во Тајланд постојано се менува. Според последните информации од полициските служби најмалку 36 лица се убиени, меѓу кои 22 деца, во вооружниот напад врз градинка во местото На Кланг на Тајланд. Напаѓачот по масакарот, во северната провинција Нонг Буа Ламф, го убил своето семејство, а потоа извршил самоубиство.

Осомничениот напаѓач е 34-годишен поранешен полицаец кој бил вооружан со пушка, пиштол и со нож. Според полициски извори цитирани во тајландските медиуми, полицискиот службеник неодамна добил отказ.

Полицијата наведе дека напаѓачот пукал и ги нападнал децата со нож, по што побегнал. Мотивот за нападот сѐ уште не е познат.

Полицијата соопшти оти последен пат тој е виден во Тојота пикап, со 4 врати и со регистарски таблички од Банкок.

Еден полициски службеник од повисок ранг во провиницијата Нонг Буа Ламп Пу соопшти дека меѓу жртвите има најмалку 22 деца, некои од нив и на две годишна возраст.

„Масовното пукање се случи денеска во Центарот за развој на деца во местото На Кланг на североистокот на земјата, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот Пајрут Чан-оче.

„Премиерот изрази сочувство до семејствата на жртвите и нареди итно отворање на истрага за масакрот.

Вооружените масакри на Тајланд се реткост. Пред две години војник уби 21 лице и рани десетици во градот Нахон Рачасима.